Јавете ни се +389 78 290890

Кариера

За своите потреби, салонот за ексклузивни теписи и мебел Pierre Cardin Home Macedonia објавува оглас за вработување  на  Бренд Менаџер.


 Потребни квалификации: 

- Возрасна граница 25-40 години;
 -Минимум ССС (Предност – академско образование од областа на економија, бизнис, маркетинг или менаџмент) ;
 -Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point) ;
-Минимум 2 години искуство на работна позиција менаџер или раководител;
-Одлично познавање на англиски јазик;
-Вештини за координирање на тимот, организирање на бизнис план и негово реализирање во планираните рокови;
- Способност за решавање проблеми и квалитетно донесување одлуки;
-Поседување структурни, доследни и ефективни работни методи;
-Проактивност и отвореност за соработка.

Што нудиме?

- Флексибилни работни услови;
-Службени патувања;
- Посета на интернационални обуки и семинари;
- Средина за напредок во своите професионални и лични цели.


 Краток опис на основните одговорности:

 - Ги менаџира односите со јавноста и имиџот на брендот: подготовка на говори, интервјуа и известувања за медиумите;
- Одржува и гради силни односи со медиумите во врска со сите деловни прашања, како и институции, организации и други компании во согласност со потребите на бизнисот;
- Развива предлози, алатки и процеси кои го подобруваат имиџот на брендот преку ефективни комуникации: корпоративни истражувања за реномето на компанијата во заедницата, алатки за внатрешна и надворешна комуникација, деловни интеракции со надворешните засегнати страни;
- Развива стратегија за справување со кризи, како и стратегија за интерна комуникација.

 - Своето CV со прилог фотографија можете да го испратите на: contact@pierrecardinhome.mk